Сенди „однесе“ 14 животи во САД и Канада

Њујорк

Најмалку 14 лица го загубија животот во САД и Канада кои се погодени од тропската бура Сенди. Сенди ноќеска еден час по полноќ го погоди североисточниот брег на САД и предизвика рекордни поплави, а околу три милиони луѓе останаа без струја. Невремето со ветер од 135 километри на час предизвика поплавување на метрото и тунелите во Њујорк, а стотици илјади њујорчани останаа без струја.
Се очекува штетите од невремето да достигнат неколку милијарди долари. Невремето ја прекина и претседателската кампања во САД на една недела пред изборите закажани за 6 ноември.