Ирански воени бродоиви се вкотвија во суданско пристаниште

Два ирански воени брода се вкотвија во суданско пристаниште на Црвеното Море, јавуваат иранските новински агенции. Носачот на хеликоптери Харг и разурнувачот Шахид Нагди пристигнуваат во Судан една недела откако суданската влада го обвини иранскиот ривал Израел дека извршил воздушен напад врз фабрика за оружје во главниот град на Судан - Картум. Судан се закани дека ќе му возврати на Израел. Според иранските медиуми, се очекува командантите на иранските бродови да се сретнат со судански морнарички офицери. Суданските власти соопштија дека Иран нема поврзаност со фабриката за оружје што беше нападната минатата недела. Израел го обвини Судан дека служи како канал за шверцување оружје до палестинските милитанти во Појасот Газа.