Се спојуваат издавачите Пингвин букс и Рандом хаус

Илустрација.

Две од најголемите светски издавачки куќи објавија дека планираат да се спојат и да го создадат најголемиот издавач на книги во светот. Планот предвидува спојување на британската Пингвин букс со германската Рандом хаус. Се очекува, новоформираната компанија да покрива 25 отсто од светскиот издавачки пазар. Ако регулаторите го одобрат, спојувањето треба да се случи во втората половина на наредната година.