Српските радикали најавија протест поради посетата на Клинтон и Ештон

Српската радикална партија најави за утре протести пред Владата во Србија поради посетата на американскиот државен секретар Хилари Клинтон и еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон. Тие соопштија дека сметат оти Клинтон и Ештон сакаат да го натераат државното раководство да воспостави како што велат „таканаречени добрососедски односи со Косово, со тоа што Белград ќе треба да го признае Косово“.
Утре во Белград ќе пристигнат Клинтон и Ештон кои ќе се сретнат со српскиот државен врв по што потоа заминуваат во Косово.