Ставревски: Црвенковски нуди погрешни тези за спорот за името

Вицепремиерот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ставревски денеска изјави дека Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски, заедно, искажале многу опасна и погрешна теза, а тоа е дека доколку Македонија добие датум за преговори тоа значи промена на името. Ставревски додаде дека тоа е точно и тоа е само погубна теза со која Црвенковски и Георгиевски сакаат да создадат впечаток дека дури и ако владеачката партија постигне успех дека е штетно, но во исто време велат дека ако Македонија не добиеме датум за преговори, повторно не чини, зошто така Владата ги блокирала европските интеграции. За прашањето за превремените избори кои ги побара СДСМ Ставревски изјави дека тоа е барање на Црвенковски поради тоа што тој нема што повеќе да изгуби а како што вели „ВМРО-ДПМНЕ нема никаква обврска, ниту пак намера да ги исполнува личните желби на Црвенковски“.