Телефонски разговор меѓу лидерите на Таџикистан и Узбекистан

Емомали Рахмон

Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон денеска телефонски разговарал со неговиот узбекистански колега Ислам Каримов по повод 20 годишнината од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи. Двајцата лидери, во ретката меѓусебна комуникација, изразиле желба за подобрување на меѓусебните билатерални односи. Релациите меѓу Ташкент и Душанбе се оптоварени со несогласувања околу водните и енергетските ресурси и рутите за транзит.