Црвенковски побара парламентарни избори во март

„Ако на 10- ти декември Македонија добие датум за преговори тоа ќе значи дека премиерот Никола Груевски се договорил за промена на името, но доколку тоа не се случи ќе значи дека земјата нема да мрдне од статус кво ситуацијата и нема да види ниуте НАТО, ниту ЕУ“, изјави синоќа лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на централниот митинг на здружената опозиција во Скопје.

Ако во декември Груевски реши да го смени името тогаш нека организира во март и референдум како што вети и локални и парламентарни избори, па се во еден ден нека се реши, порача Црвенковски.

На митингот беше промовиран кандидатот за градоначалник за град Скопје Јани Макрадули. Тој рече дека прво што ќе направи доколку победи е целосна ревизија на проектот Скопје 2014.