Брахими во Москва ќе разговара за ситуацијата во Сирија

Меѓународниот претставник за Сирија Лакдар Брахими.

Меѓународниот претставник за Сирија Лакдар Брахими, денеска во Москва треба да разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за ситуацијата во Сирија. Денеска е последниот ден од четиридневното примирје во Сирија, кое беше нарушено со бројни напади од двете страни.

Брахими посредуваше за прекин на огнот со надеж дека примирјето ќе го отвори патот за решавање на 19-месечната криза во Сирија која однесе десетици илјади животи. Меѓутоа, насилството продолжува.

Активистите за човекови права соопштуваат дека најмалку 110 луѓе биле убиени вчера. Исто толку жртви имаше и во саботата.