Опозицијата обвини за изборни нерегуларности во Украина

Околу 45 проценти од гласачите до попладне излегле денеска да гласаат во Украина соопшти државната изборна комисија. Опозициските партии обвинија дека има изборни неправилности. Затворената Јулија Тимошенко изјави дека изборите ќе бидат „нефер без разлика кој победи.“ Избирачките места се затвараат во 19 часот. ОБСЕ испрати 800 набљудувачи на терен да ги следат изборите. Европската унија соопшти дека Украина мора да оддржи фер и демократски избори доколку сака да односите меѓу Брисел и Киев да тргнат напред. Украина треба да го преземе претседателствувањето со ОБСЕ во јануари.