Најмалку 8 лица загинале при бомбашки напад во Нигерија

Најмалку 8 лица загинале откако бомбаш самоубиец се разнел себе си во католичка црква во северниот град на Нигерија Кадуна. Локалните власти соопштија дека стотина луѓе се ранети.
Овој град претходно беше цел на напади од исламистичка терористичка организација Боко Харам. Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан ја обвини групата дека се обидува да потикне криза и омраза меѓу верниците