Здружената опозиција на митинг во Скопје

Опозициските лидери го потпишува договорот за коалиција.

Социјадемократскиот сојуз на Македонија, денеска на плоштадот во Скопје, ќе одржи митинг, на кој, како што велат од партијата, ќе го кренат гласот против политиките на оваа власт. На митингот СДСМ официјално ќе ги промовира кандидатите за градоначалници на Скопје и скопските општини во рамките на “Сојузот за иднината“.
Секретарот на СДСМ, Андреј Петров вчера изјави дека „без разлика на бројот и големината на спомениците, врбите, карузелите и златните огради кои оваа власт несмасно ги реди, плоштадот не е ексклузивитет на ВМРО-ДПМНЕ, туку е на сите граѓани, од кои секако на повеќето им е преку глава од безмилосното трошење врзано за целиот проект“. Лидерите на СДСМ и на ВМРО-НП, Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски вечерва ќе се качат на иста бина, со што и формално ќе покажат дека се обединуваат против актуелната власт предводена Никола Груевски.