Ураганот „Сенди“ се приближува кон источниот брег на САД

Ураганот „Сенди“се приближувва до американскиот источен брег.Американските власти соопштија дека ги прават последните подготовки за заштита на населението од бурата. „Сенди“ остави зад себе 40 жртви на Карибите.
Според метеоролозите, поради мешањето на ураганот со поларен воздух можно е тој да прерасне во супер бура каква што не е видена во изминативе 20 години, поради што некои веќе ја нарекоа бура „Франкенсторм“.
Посебно загрижувачка е насоката на ураганот Сенди, кој се проценува дека ќе удри некаде во коридорот меѓу Вашингтон, Балтимор, Филаделфија и Њујорк, густо населена област, со десетици милиони жители.