Бомбашки напади во Ирак

Најмалку 40 луѓе загинаа вчера во Ирак при бомбашки напади врз шиитската заедница во градот Садр кој се наоѓа во близина на Багдад. Властите соопштија дека во текот на вчерашниот ден експлодирале неколку бомби низ градот. Бомбите биле поставени пред маркет, на автобуска станица, во близина на игралиште каде што се прославувал муслиманскиот празник и во автобус. При бомбашките напади ранети се над 80 луѓе.