Судири во Мјанмар

Претставникот на ОН во Мјанмар Ашок Нигам изјави денеска дека над 22 илјади луѓе се раселени од западниот дел на земјата поради насилството кое во изминативе месеци е честа појава. Станува збор за религиски мотиварани судири при кои, според податоците од владата, во изминатава недела загинале 67 луѓе а ранети се 95. Светската организација Хјуманс рајтс воч објави саталетска снимка на која се гледа како еден цел град е уништен.
Организацијата смета дека во Мјанмар бројот на загинати при судирите е поголем од оној што го соопшти владата.