Европскиот парламент ја откажа посетата на Иран

Иранскиот режисер Џафар Панахи.

Европскиот парламент соопшти дека ја откажа посетата на евро пратеници на Иран, откако не им беше дозволено на пратениците да посетат дисиденти во затвор. Советник на претседателот на иранскиот парламент претходно соопшти дека Техеран го обил барањето на група европски пратеници да ги посетат адвокатот за човекови права Насрин Сотудех и на режисерот Џафар Панахи, кои се во затворот Евин во близина на Техеран. Европскиот парламент годинава ним им ја додели наградата Сахаров за слобода на мислата. Пратениците сакаа на затворениците лично да им ги предадат поканите за учество на церемонијата за доделување на наградите, што ќе се одржи во декември во Стразбур.