Крвав ден во Ирак - најмалку 20 загинати

Архивска фотографија.

Најмалку 20 луѓе загинале во низа напади во Ирак, јавуваат медиумите. Во експлозија на бомба во близина на детско игралиште и пазар во источен Багдад загинале најмалку седум луѓе меѓу кои и деца.

Најмалку 5 луѓе загинале, а 9 се повредени при експлозија на бомба прикачена на автобус во кој се превезувале шиитски верници кои оделе на аџилак во шиитско светилиште во Багдад за празникот Курбан Бајрам. Полицијата соопшти дека бомбата била активирана во градот Таџи, 25 километри северно од главниот град Багдад. Според некои извештаи, аџиите биле Иранци.

Има информации и за петмина загинати во градот Мосул.