Евро-обврзницата им донесе добивка на пензиските фондови

Околку 10 милиони евра добивка оствариле двата пензиски фонда од тргување со евро-обврзница. Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски рече дека пензиските друштва ќе можат да вложуваат во државни обврзници издадени во Македонија, но не и во еврообврзници кои Република Македонија ги издава на меѓународниот пазар на капитал.
Toj потсети дека со измените и дополнувањата на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, пензиските друштва можат да инвестираат во државни хартии од вредност издадени на домашниот пазар.