Берлускони ќе ја обжали пресудата за казната затвор

Адвокатите на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони се очекува да поднесат жалба против пресудата за затворската казна за сторена даночна измама.
Според извештаите во медиумите, жалбата ќе биде поднесено од 10 ноември и може да потрае неколку години. Во петокот, судот во Милано го осуди Берлускони на четири години затвор, а подоцна пресудата ја сведе на една и му забрани пет години да обавува јавна функција.
Судот, исто така, нареди Берлускони и неговите соработници да платат 10 милиони евра на даночните органи. Берлускони, пресудата ја оцени како „неподносливо судско малтретирање“. Проитв него во судот во Милано се води уште еден спор, за плаќање за секс со тинејџерка.