Карзаи го осуди бомбашкиот нападот на џамијата

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека одговорните за самоубиствениот бомбашки напад пред џамија во северниот дел на земјата се „непријатели на исламот и човештвото.“

Во вчерашниот бомбашки напад во Мајмана во провинцијата Фарџаб загинаа 41 човек, а повеќе од 50 беа повредени. Многу од жртвите биле високи регионални власти кои присуствувале во џамијата за големиот муслимански празник. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Претходно, Карзаи го повтори својот повик до Талибанците да се приклучат на владата. Нападот е најновиот во серијата смртоносни напади во последниве неколку недели против авганистанската армија, полиција и владини претставници. Командантот на НАТО во Авганистан, Џон Ален, исто така, го осуди нападот.