И покрај објавеното примирје, активисти и денеска јавуваат за серија судири во Сирија. Сиријската државна телевизија јави дека при експлозија на автомобил бомба во Дамаск загинале најмалку 5 лица, а 32 биле повредени. Во предградија на Дамаск неколку лица биле убиени од тенковски и снајперски оган. Судири и загинати имало и во градовите Хомс и Идлиб.
Претходно, специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Сирија, Лахдар Брахими, изјави дека 4 дневното примирје, што стапи во сила денеска, ќе го овозможи почетокот на процесот за мирно решение на конфликтот во Сирија.