Над 100 загинати во меѓуверски насилства во Мјанмар

Мјанмар, 25.10.2012

Над 100 луѓе биле убиени во меѓу-етнички и меѓу-верски насилства во Мјанмар во последниве денови. Претставник на локалните власти од западниот дел на земјата соопшти дека најмалку 112 луѓе загинале во судирите меѓу будистите и муслиманите, а биле запалени две илјади куќи. Насилствата започнале во неделата по протестите на малцинските муслимани поради недостигот од храна и друга помош за нивните села.