Блокиран сајтот на Њујорк Тајмс во Кина

Вен Џибао

Кинеските власти денеска ја блокирале интернет страницата на весникот Њујорк Тајмс кој објави текст со податоци за имотите на роднините на кинескиот премиер Вен Џибао. Во написот се вели дека роднините на Џибао, неговиот син, ќерка, брат и други се стекнале со големо богатство, кое се проценува на околу 2,7 милијарди долари.