Самоубиствен напад во џамија во Авганистан, над 27 загинати

Најмалку 27 луѓе загинале, а околу 50 биле ранети во денешниот самоубиствен напад во џамија во северо-западен Авганистан. До експлозијата дошло за време на молитвата во џамијата кога била полна со верници. Засега никој не ја превзел одговорноста за нападот. Вчера талибанскиот лидер Мула Омар ги повика неговите следбеници да се воздржат од напади за време на муслиманскиот празник Курбан Бајрам.