Тимошенко повикува на соборување на „мафијата“ на Јанукович од власт

Предизборен плакат со ликот на затворената екс-премиерка Тимошенко во Киев.

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која отслужува седумгодишна казна затвор за злоупотреба на функцијата, ги повика гласачите да ја соборат „мафијата“ на претседателот Виктор Јанукович на парламентарните избори што ќе се одржат в недела. Јевгенија Тимошенко, ќерка на затворената премиерка, во Киев го прочита писмото од нејзината мајка, која ги повика Украинците „да не дадат ни еден глас“ за владејачката Партија на регионите на Јанукович.

„Бркањето на оваа мафија од власт не е само задача на опозицијата. Тоа е војна против диктатурата... што бара мобилизација на секој од вас“, пишува затворената премиерка.