Банката на Кина со раст на профитот

Банката на Кина(Бенк оф Чајна), една од четирите најголеми државни банки, соопшти дека кварталниот профит им е зголемен за 17 отсто и покрај економскиот застој. Банката соопшти дека во третиот квартал годинава заработила скоро 35 милијарди јуани, односно околу 5,5 милијарди долари.