Се урна станбена зграда во Ерменија

Станбен објект кој бил во изградба денеска се урна во ерменскиот главен град при што се повредени 11 работници. Девет од нив се во сериозна ситуација и се пренесени во болница а спасувачките екипи се уште трагаат по уште двајца работници кои се верува дека се под урнатините, соопштија локалните власти.