Тачи:Ништо од договорот со СДСМ ако се спомне Струга

Тачи и Црвенковски

Сметајте дека не постои договор доколку како прашање се постави и само С од Струга,изјави денеска претседателот на ДПА Мендух Тачи. Тој истакна дека во сите општини каде мнозинство се Албанците, СДСМ ќе го поддржи кандидатот на ДПА, затоа што, како што вели, договорот меѓу СДСМ и ДПА е прецизен и јасен, но не треба да се очекува соработката да оди така лесно.Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев изјави дека стојат доследно на договорот за техничка соработка со ДПА но во овој момент сконцентрира се на организацијата на големиот митинг што ќе се одржи во Скопје на 28 октомври, а по него ќе разговараат за сите отворени прашања.