Батлерот на Папата од домашен притвор се сели во ќелија

Поранешниот батлер папата Бенедикт Шеснаесетти, Паоло Габриеле кој е осуден за кражба на докумнети од Ватикан кој им ги дал на медиумите, ќе биде пренесен од домашниот притвор во затворска ќелија во Ватикан. Во соопштението е наведнео дека осудениот, 18 месеци ќе ги помине ви полициската станица во Ватикан. Одлуката била донесена откако истекол рокот по носењето на пресудата за жалба. Дел од документите кои беа објавени во дел од медиумите укажуваат на корупција во ватиканските бизниси со италијански компаниии.