Форд ќе отпушти 1500 работници од фабриките во Британија

Американскиот продизводител на автомобилите Форд ќе отпушти 1500 работници од фабриките во Велика Британија соопшти портпаролот на британскиот синдикат Џастин Боуден. Тој по средбата со раководството на компанијата изјави дека тоа е ужасна вест за вработените и за британската економија. Компанијата вчера соопшти дека планира да затвори една од фабриките во Белгија до крајот на 2014 гдоина со што ќе бидат укинати 10 илјади работни места.