Хјуман рајтс воч со осуда за затварање на организација во Таџикистан

Директорот на Хјуманс рајтс воч за Европа и Централна Азија Хуг Вилиамсон

Светската организациjа Хјуманс рајтс воч денеска ги критикуваше таџискистанските власти за затварањето на локална невладина организација за заштита на човекови права Ампаро. Судот вчера презема мерки за затварање поради, како што велат, немање на соодветна дозвола за работа. Директорот на Хјуманс рајтс воч за Европа и Централна Азија Хуг Вилиамсон изјави дека одлуката на судот е политички мотивирана. Тој додаде дека со неа на транспарентен начин се замолчуваат оние кои работат на клучни прашања во општеството како што се тортура и заштита на човекови права. Организиацијата Ампаро беше основана во 2005 година од група адвокати кои се занимаваат со пријави за прекржување на човекови права, обвинувања за тортура и основни права на војниците од таџикистанската армија.