Хејг: нема промени на границите во Европа

Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг денеска во Приштина ги поздрави разговорите за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и додаде дека дијалогот е од суштинско значење за нивната европска интеграција. Хејг, по состанокот со премиерот Хашим Тачи изјави дека картата на Европа е зацртана и оти не може да има промена на границите.