Клинтон во идната недела на балканска турнеја

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон од 29 октомври до 2 ноември ќе биде на балканска турнеја, во рамките на која ќе ги посети Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Албанија и Хрватска. Стејт департментот соопшти дека Клинтон патува на Балканот за да ги демонстрира американскиот интерес, посветеност и поддршка за евроатлантската иднина на земјите од регионот. Клинтон, во дел од посетата, ќе патува заедно со високиот претставник за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон, со која заеднички настапува во врска со дијалогот меѓу Косово и Србија и со реформскиот процес во Босна. Во Тирана, Клинтон ќе се обрати пред албанскиот Парламент, на свечена седница во чест на 100 годишнината од независноста на Албанија.