Протерана Американка од Македонија поради обид за шверц на артефакти

илустрација

Американката Кенди Данлап доби условна казна затвор од две години која се одложува доколку во наредните 5 не стори никакви кривично дело. Основниот Суд во Скопје денеска ја донесе одлуката со која и се одземаат и вредните археолошки предмети кои што сакала да ги изнесе од државата и забранет и е влез во Македонија во времетраење од 10 години.
Осудената Данлап, инаку медицинска сестра од Баптистичката црква во Мисисипи, минатиот месец, при обид да ја напушти државава преку скопскиот аеродром „Алексндар Велики“, беше уапсена кога во нејзиниот багаж беа пронајдени 256 монети кои се сметаат за вреден археолошки материјал, кој датира од 2 век пред нашата ера. Таа во текот на судскиот процес тврдеше дека тие и биле подароци кои ги добила во знак на благодарност за лекување на жителите во селата Селце, Лозово и Криволак.