Романија се откажа од строгите мерки за штедење

Романскиот претседател Трајан Басеску денеска потиша закон, со кој се повлекуваат дел од строгите мерки за штедење, прифатени по барање на кредиторите поради економската криза во земјата. Со законот се предвидува враќање на половина од намалувањата на платите во буџетскиот сектор. Политиката на „затегнување на ремените“ се спроведуваше по барање на кредиторите. Во 2009 година на романската Влада и беше одобрен кредит од 20 милијарди евра од ММФ и ЕУ. Владата требаше да ги намали во 2010 година платите во државниот сектор за 25 отсто, а пензиите за 15 проценти, беа укинати повеќе социјални програми и намалени голем број работни места во државната администарција.