Иванов упати честитка по повод празникот Курбан-Бајрам

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод верскиот празник Курбан-бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис ул улема Сулејман ефенди Реџепи. Во честитката Иванов истакнува дека Исламската верска заедница и натаму ќе продолжи да учествува во градењето на доверба и разбирање помеѓу различните религии и етникуми во Македонија и ќе придонесе во остварувањето на заедничка визија за модерна, развиена и држава