Грција постигна договор со меѓународните кредитори

Грчкиот министер за финасии Јанис Стурнарас денеска постигнал договор со меѓународните кредитори околу новите мерки за штедење во замена за следната транша од пакетот за помош, јавуваат новинските агенции повикувајќи се на високи владини извори. Новиот пакет мерки ќе биде презентиран следната недела во парламентот и мерките треба да бидат усвоени до 12 ноември од пратенциите и од лидерите на трите владеачки партии.
Министерите за финансии на земјите членки на еврозоната на состанокот на 12 ноември ќе го разгледуваат предлогот за деблокирање на следнат транша за Грција во вредост од 31,5 милијарди евра. Претходно грчкиот премиер Антонис Самарас апелираше да и се додели што е можно поскоро помошта на Грција затоа што во спротивно до 16 ноември земјата ќе банкротира.