Поглаварот на ИВЗ со порака до верниците

Обраќање на Реис ул Улема на Исламската верска заедница, Сулејман ефенди Реџепи

Поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија Реис ул Улема Сулејман ефенди Реџепи денеска упати порака до муслиманите во која им го честита празникот Курбан Бајрам. Во пораката е наведено дека празникот Kурбан-бајрам го претставува исламскиот концепт за единство, кој треба да биде функционален и да се докаже во секојдневниот живот и да се манифестира насекаде каде што живеат и дејствуваат муслиманите. Toj ги повикува сите верници да бидат разумни, да се водат по начелата на Исламската вера, да култивираат хумани, и човечки вредности спрема сите, со посебен акцент, кон најблиските, соседите и сите оние што имаат потребa.