Почнува аџилакот во Мека

Денеска во Мека почнува годишниот аџилак на муслиманите, на кој се очекува да присуствуваат повеќе од два милиона луѓе од целиот свет.
Во период на насилство и тензии меѓу сунитските и шиитските муслимани во делови од Блискиот Исток, саудиските власти истакнуваат дека аџилакот е замислен како строго религиозна институција и предупредија против политички провокации за време на настанот.
Властите соопштија дека аџиите од Сирија ќе бидат добредојдени и покрај тензиите меѓу владата на Саудиска Арабија, која ги поддржува сириските бунтовници и Иран, кој е близок со сирискиот режим.