Иран се закани дека ќе ја повлече нафтата од пазарот

Иранскиот министер за нафта Ростам Ќасеми изјави денеска дека Техеран ќе го запре извозот на нафта доколку Западот продолжи со наметнувањето на нови економски санкции против Исламската република поради нуклеарната програма. Тој на маргините на конференцијата за енергетика во Дубаи предупреди дека недостатокот на иранска нафта на пазарот може драстично да ја зголеми цената.
Западните земји воведоа санкции кон Иран при што забранија европски компании да купуваат иранска нафта додека пак интересот на азиските клиенти за иранскатa нафта падна за 10 до 30 проценти.