Емирот од Катар пречекан како херој во Појасот Газа

Емирот од Катар шеикот Хамад Бин Калифа Ал Тани денеска беше пречекан како херој при неговата посета на Појасот Газа. Ова е прва посета на еден шеф на држава на Појасот Газа откако е под контрола на Хамас од 2007 година.
Тој денеска се сретна со премиерот Исмаил Ханијах кој подоцна соопшти дека шеикот го зголемил почетниот фонд од 245 на 400 милиони долари наменети за градежни проекти на палестинската територија. Ханија изјави дека посетата на емирот од Катар претставува „крешење “ на израелската блокада на Газа.
Катар оддржува добри дипломатски односи и со САД и со Иран, Хамас и Израел.