Петар Стано: Рана фаза значи името да се реши тогаш, а не на крај

Без да навлегувам во медиумските шпекулациуи во вашата земја, јас ќе ве упатам на формулацијата на препораката на Европската комисија за ФИРОМ“, изјави Петар Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, одговарајќи на новинарско прашање да објасни што значи решавање на спорот околу името со Грција во раната фаза на преговорите за членство меѓу Македонија и ЕУ.

Стано, сметајќи дека ова прашање е малку извлечено од контекст, посочи дека Комисијата вели дека ова прашање не може да биде оставено за на крајот на процесот.

„Ако го допреме ова прашање, и ако добиеме мандат да го допреме на начин предлагајќи пригодна и неопходна рамка, тоа значи да се допре во раната фаза, а не да се остави такво прашање за на крајот на процесот“, изјави портпаролот Петар Стано денеска во Брисел.