Авио-компаниите во Европа ќе плаќаат отшета за доцнење

Патниците чии летови ќе бидат откажани или одложени над 3 часа, треба да добијат компензации од авио-компаниите и тоа од минимум 250 евра до 600 евра. Вака денеска пресуди Европскиот суд на правдата во Луксембург, иако неколку моќни европски авио-компании го оспоруваа правото на патниците на компензација доколку летовите доцнат. Судот уште во 2009-та зазеде став дека патниците имаат право на обесштетување не само за откажаните, туку и за оние летови што доцнат, доколку не станува збор за виша сила.