Иран најавува прекин на извозот на нафта

Ростам Касеми, министер за нафта

Иран денеска соопшти дека ќе го запре извозот на нафта доколку бидат заострени санкциите од западните земји. Иранскиот министер за нафта Ростам Касеми, на прес конференција во Дубаи изјави дека Иран има план Б и е подготвен за функционирање на државата и без приходите од извозот на нафта.