ОН планираат испраќање мировни сили во Сирија

Обединетите нации соопштија дека планираат испраќање мировни сили во Сирија како дел од мировниот план. Ова во понеделникот го најави шефот на мировните операции во ОН Харви Ладсоус,по искажаните заложби на пратеникот на Арапската лига и ОН Лакхадар Брахими која кажа дека ги подржува напорите на Сириската влада и бунтовниците да се имплементира мировниот план,почнувајќи од муслиманскиот празник Курбан Бајрам во четврток.Ладсоус изјави дека Советот за Безбедност треба да одобри распоредување на мировници. Тој кажа дека 150-200 цивили се убиваат секој ден во Сирија.