Груевски во Рим побарал подршка за декемврискиот самит

Премиерот Никола Груевски денеска во Рим се сретна со италијанскиот премиер Марио Монти. Груевски изјави дека во пресрет на декемврискиот самит верувал дека е добро да се направи контакт со италијанскиот премиер,со цел да се побара поддршка за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ. Во соопштението од Владата е наведено дека двајцата премиери разговарале и за подорбрување на билатералната соработка со посебен акцент на продлабочување на економските односи, трговската размена и можностите за инвестиции.
Во соопштението е наведено дека премиерот Монти, на средбата ја истакнал поддршката која Италија и ја дава на Македонија, афирмирајќи ја италијанската заложба и поддршката за членство на сите земји од Југоисточна Европа во ЕУ и НАТО.