Курдските затвореници во турските затвори штрајкуваат со глад

Tурска организација за заштита на човекови права соопшти дека околу 400 курдски затвореници, стапија во штрајк со глад. Затворениците бараат поголеми права за Курдите во државата и подобрување на условите во затворот во кој е лидерот на Курдската работничка партија, Абдула Оџалан. Во соопштението на организацијата е наведено дека околу 70 затвореници почнале штрајк со глад на 12 септември, а останатите во следните недели.