Приведени 26 демонстранти во Приштина

Kosovo - Self-determination movement protest, Pristina, 22Oct2012

Косовската полиција соопшти дека привела 26 демонстранти при денешните протеси во Приштина поради средбата на косовскиот и српскиот премиер во петокот во Брисел. Околу 100 активисти на движењето „Самоопределување “ фрлале со камења и домати кон владата при што полицијата возвратила со солзавец. При насилните протести повредени се 18 полицајци и десетина цивили меѓу кои и лидерот на движењето Алби Курти, кој привремено бил приведен од полицијата.