САД ќе помогнат во истрагата за нападот во Бејрут

Бејрут, 22.10.2012.

Соединетите држави соопштија дека ќе им помогнат на властите на Либан во истрагата на бомбашкиот напад во Бејрут во кој, меѓу другите, беше убиен и шефот на разузнавачката служба на таа земја. За време на вчерашниот погреб на генерал Висам ал Хасан дојде до судири меѓу полицијата и безбедносните сили. Во текот на ноќта дошло и судири меѓу сунитски и шитски вооружени групи при што две лица загинале, а десетина биле ранети. Војската изутрината успаела да ги раздвои судрените страни. Судири имало и во Триполи во северниот дел на Либан. Стејт департментот соопшти дека американскиот државен секретар Хилари Клинтон телефонски разговарала со премиерот Наџиб Микати кој се согласил во врска со помошта околу истрагата. Опонентите на либанската влада сметаат дека зад нападот стоел сиријскиот режим кој имал силно влијание во Либан.