Кастро демантира дека бил пред умирање

Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро објави напис во државните медиуми во кој ги критикува сите кои шират гласови дека тој бил пред умирање. 86 годишниот Кастро заедно со текстот објавува и осум фотографии на кои, меѓу другото, се гледа дека во рацете држи примерок на весникот на Комунистичката партија на Куба „Гранма“ од петокот. До ова дојде откако во минатата недела се појавија наводи дека Кастро бил сериозно болен.