Последно соочување меѓу Обама и Ромни

Американскиот претседател Барак Обама ќе се соочи со неговиот противник на претстојните претседателски избори Мит Ромни вечерва во третата и последна дебата пред гласањето на 6 ноември. Двајцата кандидати ќе се сретнат во Бока Ратон, Флорида а соочувањето ќе трае 90 минути на тема надворешна политика.